fbpx

Величковски: Најголемите партии да поднесат заедничка иницијатива за одложување на изборите

-

Ако претседателот Ѓорге Иванов ја сфати штетата што ја направи со аболицијата, досега ќе ја повлечеше одлуката и ќе си поднесеше оставка, смета претседателот на Либерална партија, Ивон Величковски.

„Партиите потписнички на Договорот од Пржино треба да спроведат постапка за импичмент. Иницијативата за повлекување на аболицијата треба да биде само една од точките за излез од тековната криза. Исто така, треба да има заедничка иницијатива од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и од ДПА за одложување на изборите и јавна поддршка за Специјалното јавно обвинителство од сите потписници на Договорот од Пржино“, смета Величковски.

Според него, излезот од политичката криза може да се оствари само со паралелно спроведување на овој пакет мерки.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...