fbpx

Заев и Пломп разговараа за изборите и за политичката криза

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп.

„Тема на состанокот била актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и со апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција на криминалниот врв на власта. Заедничка е констатацијата дека погазувањето на Договорот од Пржино, чија цел се фер и регуларни избори, ја носи земјата кон ризични и многу штетни последици по Република Македонија и нејзините граѓани“, се вели во партиското соопштение.

Во него се додава дека лидерот на партијата посочил дека СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што, според него, ќе бидат тие на 5 јуни, како и дека такви избори нема да дозволи.

„Одлуката за аболиција на криминалците од власта на Ѓорѓе Иванов е оценета како упад во правниот поредок на ниво на државен удар, поради што мора да биде повлечена, а Ѓорге Иванов мора да си замине од функцијата“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...