fbpx

„Бреза“: Го зборував тоа што ми го дадоа напишано на хартија

-

Златко Арсовски, познат по псевдонимот „Бреза“, под кој фигурираше како заштитен сведок во случајот „Ореше“, на денешното рочиште за истиот предмет, рече дека тоа што го зборувал предходно му било дадено напишано на хартија од Вељо Арсовски, роднина на убиениот во случајот, пренесува „Утрински весник“, во своето онлајн-издание.

– Таму пишуваше дека Ѓоре телефонски ми се јавил од Америка и ми кажал дека браќата Ордан и Љупчо се сторителите. Така ова јас го повторував постојано во истрага и пред суд. Но, тоа не е точно, ова е местенка – изјавил Златко Арсовски на денешното рочиште во Основниот суд во Велес, на кое повторно сведочеше за убиството во Ореше.

Одговарајќи на прашање од Обвинителството, тој потврдил дека примал пари од Ѓоре Петорвски од САД, односно на три-четирипати примил околу 3.000 долари и дека тој му се јавувал за да праша што има во селото.

Арсовски, рекол и дека вечерта кога се случило убиството, бил во селото и слушнал истрели, но тоа воопшто не му било чудно оти, како што рекол, во селото се пукало секоја вечер без посебен повод.

Златко Арсовски, додека беше заштитен сведок во случајот „Ореше“, тврдеше дека нарачател на убиството е Ѓоре Петровски, а извршители се браќата Ордан и Љупчо Георгиевски. Откако лани во февруари му беше симнат статусот на заштитен сведок, ги смени исказите, тврдејќи дека сè што кажал претходно било лажно и монтирано.

Арсовски минатата недела беше осуден на шест месеци затвор за лажно сведочење.

Според упатените во постапката, тој е осуден затоа што лажел дека лажел, односно го сменил исказот во врска со пронаоѓањето на рамката за куршуми од пушката со која било извршено убиството.

За убиството на Лазар Милошевски, кое се случи на 2 декември 2005 година, по четврти пат им се суди на Ѓоре Петровски, како нарачател, и на браќата Ордан и Љупчо Георгиевски, како извршители на убиството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...