fbpx

Ахмети подготвува терен за да ги апсорбира нападите врз ДУИ

-

Аналитичарите проценуваат дека изјавите на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, дека во земјава треба да се решат многу проблеми со неочекувани решенија, се исто толку несфатливи како и бомбите на Зоран Заев, кога има толку многу поголеми проблеми во државата кои бараат смели решенија кои можеби и не се предвидени во изборната програма на партијата, објавува „Порталб“. Алајдин Демири  за порталот  вели дека изјавата на Ахмети е аполитична и покажува длабока криза на моќта.

– Изјавата на Ахмети кога се избираше претседател на разгранокот на ДУИ во Тетово е речиси аполитина и покажува длабока криза на моќта, која кога ќе експлодира, ќе направи криза во економијата, интеграцијата и меѓуетничките односи. ДУИ ќе се вади дека опозицијата е неспособна и ќе проба на други начини да излезат од кризата. Но, покажувањето моќ, нема да ја реши кризата – вели Демири.

Според претпоставките на Демири, „бомбата“ на СДСМ може да има ефект против ВМРО-ДПМНЕ само ако е некаков договор меѓу Ахмети и Груевски за подмолно решавање на случајот „Монструм“ или некоја слична афера која ќе влијае на меѓуетничките односи.

– Ниту една друга афера не може да биде толку голема за да му наштети на Груевски бидејќи го видовме резултатот во случајот со корупцијата во кој беше осудена опозицијата. Друг случај на корупција не може да биде толку голем за да го постигне она на што предупредува СДСМ. Но, постои и можност ова да е само блеф, со кој опозицијата го заплашува Груевски  за да почне да ги покажува своите слабости. Недостигот на транспарентност во сите сценарија што се плетат е нешто во што Македонија е специјализирана уште од атентатот на поранешниот претседатл Киро Глигоров, смртта на претседателот Борис Трајковски, војната во 2001 година и многу други договори кои не се транспарентни – вели Демири.

Ибрахим Мехмети, публицист, вели дека малку е чудно Ахмети да дава вакви изјави бидејќи е дел од извршната вкаст, па затоа ваквите откривања можат да се сфатат двосмислено и да бидат презентирани на различни начини.

– Земјата се соочува со многу проблеми и решенијата можат да бидат непредвидливи и ситуациите можат да бидат збунувачки. ДУИ е во власта и таа сама ќе сноси последици за она што се случува во Владата. Јасно е дека има незадоволство меѓу Албанците и токму тоа е причината зашто ДУИ сега има поинаков пристап од оној порано. Сето ова што моментално се случува предупредува дека ДУИ го подготвува теренот за да може да ги амортизира сите политички напади против неа. Сега има и ново движење во домашната политика и се чини дека токму тоа ја поттикнува ДУИ да биде погласна – вели Мехмети.

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...