fbpx

Браќа уапсени во Белгија за подготвување напад

-

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека антитерористичката единица на полицијата уапсила две лица кои планирале напад во земјата.

Како што јавуваат светските медиуми, станува збор за 33-годишниот Нуредин Х. и за неговиот брат Хамза Х.. Браќата денеска ќе бидат изведени пред суд, кој треба да одлучи дали ќе им се продолжи притворот по истекот на првобитните 24 часа.

Апсењето следувало по претресот на седум куќи во регионот Монс и уште една куќа во Лијеж. За време на претресот не е пронајдено никакво оружје, ниту експлозив.

„Врз основа на првобитните наоди од истрагата, изгледа дека постоеле планови за изведување напад некаде во Белгија“, стои во соопштеноето на обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...