fbpx

Борисов со Иванов: Загрижени сме поради политичката криза во Македонија

-

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов изразил загриженост за ситуацијата во земјава и потенцирал дека таа може да се разреши само преку дијалог меѓу сите политички партии, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

„За време на разговорот премиерот Борисов изрази загриженост за ситуацијата во соседна Македонија. Како добар пријател на Република Македонија, Бугарија се залага за искрени односи меѓу двете држави. Сметаме дека до разрешница на кризата може да дојде само со дијалог меѓу сите политички партии и спроведување на неопходните реформи во интерес на сите граѓани, како и запазување на постигнатите договори“, стои во соопштението на бугарската влада за средбата.

Борисов и Иванов се согласиле за интензивирање на преговорите околу билатералниот Договорот за добрососедство и соработка, кои треба да дадат нов поттик во процесот на европските интеграции на Македонија.

Двајцата соговорници разговарале и на други теми, како мигрантската криза, Блискиот Исток и интеграцијата на Западен Балкан.

Борисов ја потврдил позцијата на Бугарија, за поддршка на европската и евроатлантската интеграција на Македонија.

„Убедени сме дека иднината на сите држави од Западен Балкан е во ЕУ. Ја потврдуваме подготвеноста и желбата да пружиме експертска помош на Република Македонија за конкретни прашања, поврзани со нашето искуство, со цел да се постигне суштински напредок на земјата кон членството во ЕУ и НАТО“, потенцирал Борисов.

Претседателот Ѓорге Иванов во Софија учествува на Самитот на шефови на држави и на влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, каде денеска ќе има и свое обраќање.

Тој вчера имаше и средба со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...