fbpx

Битола: Двајца загинати во две сообраќајки

-

Две лица загинаа во две сообраќајни несреќи што во текот на ноќта се случија во Битолско.

Како што соопшти СВР Битола, првата сообраќајка се случила во три часот по полноќ, на локалниот пат Битола – Могила, кај мостот на реката Шемница. Во сообраќајката учествувале две патнички возила „хјундаи пони“ и „ауди“, а животот го загубил 32-годишниот битолчанец Пеце К..

– Втората сообраќајна несреќа се случи утрово, на влезот од битолското село Лопатица, каде возачот на патничкото возило „голф 3“, 23-годишниот Валентин С. од Демир Хисар, од непознати причини излетал од патот и го загубил животот – изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...