fbpx

Прилеп доби нов скејт-парк

-

Со забава на отворено и со настапот на двете прилепски рап-групи „Станица 048“ и „Титаниум“ и на велешките рапери „Авторизација “ и диџеј Попај, градоначалникот Марјан Ристески го отвори новиот скејт-парк.

Скејт-паркот е со површина од 13,31 квадратен метар и ќе може да се користи за возење скејтборд, ролери или спортски велосипеди. Исто така, просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.

Внатрешноста на скејт-паркот и неговата околина наскоро ќе бидат збогатени со интересни графити, а градоначалникот Марјан Ристески посочи дека овој проект е реализиран како идеја која беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптерот со иранскиот претседател претрпил „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи изјави дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките временски...