Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ за 0,8 отсто, а Груевски пред Заев за 1 процент

-

Доколку утре би се одржале избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 отсто од граѓаните, а за СДСМ 23,7 отсто, покажуваат резултатите од последната анкета на телевизија „Телма“ и на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Според резултатите од анкетата, за ДУИ би гласале 8,5 отсто, за Беса – 3,7 отсто, за Алијансата за Албанците – 1,8 отсто, а за ДПА – 0,9 отсто од граѓаните.

Вкупно 35 отсто од анкетираните граѓани не дале одговор, односно 13,1 отсто не сакале да кажат за кого би гласале, 10,8 рекле дека не знаат, а 10,3 отсто рекле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Што се однесува до рејтингот на партиските лидери, на прашањето кој политичар заслужува најголема доверба, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се определиле 25,8 отсто од анкетираните, а за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, 24,8 отсто.

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, според анкетата има поддршка од 9 отсто од граѓаните, а по него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 6,1 отсто. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја има поддршката на 3,6 отсто од граѓаните, Билал Касами од Беса има поддршка од 3 отсто, додека 14,8 отсто рекле дека немаат доверба во ниту еден политичар.

Анкетата е спроведена телефонски, по насилствата во Собранието на Република Македонија, во периодот од 10 до 15 мај, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Анкетата ја спровела агенцијата „М-Проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...