Таг: рејтинзи
таг: рејтинзи
Истражување на НДИ: Граѓаните загрижени за високите цени и ниските плати, ќе ги поддржат партиите кои ќе ја подобрат економијата
Економските прашања се сè поважни за граѓаните на Северна Македонија поради инфлацијата и зголемените трошоци за електрична енергија, покажува новото истражување на јавното мислење кое од 13-24 април го спроведе Националниот демократски институт (НДИ).
Педесет и осум проценти од анкетираните граѓани се многу загрижени за намалениот животен стандард, ниските плати и ниските пензии. Четири од десет испитаници трошат најголем дел...
Во Бугарија ќе има предвремени избори откако БСП не успеа да формира парламентарно мнозинство
Бугарската социјалистичка партија (БСП) не успеа да формира парламентарно мнозинство и утре ќе му го врати мандатот за состав на нова влада на претседателот Румен Радев, јавува Бугарското национално радио. Претседателот на парламентарната група на БСП во актуелното собрание изјави дека одговорноста за ваквиот чин е на партиите ГЕРБ, ДПС, Има таков народ и Преродба.
Бугарскиот претседател Румен Радев ќе...
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ за 0,8 отсто, а Груевски пред Заев за 1 процент
Доколку утре би се одржале избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 отсто од граѓаните, а за СДСМ 23,7 отсто, покажуваат резултатите од последната анкета на телевизија „Телма“ и на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Според резултатите од анкетата, за ДУИ би гласале 8,5 отсто, за Беса - 3,7 отсто, за Алијансата за Албанците - 1,8 отсто, а за ДПА...
Нова демократија води пред СИРИЗА во анкетите на јавното мислење
Мнозинството грчки граѓани сметаат дека десничарската партија Нова демократија би победила доколку утре се распишат избори во Грција. Ова го покажува новата анкета на јавното мислење спроведена за грчката телевизија „Екшн 24“ (Action 24). Според резултатите од анкетата, опозициската партија предничи 13,5 отсто пред владејачката СИРИЗА.
Подетално, според одговорите на анкетираните за предвидување на победникот на потенцијални избори, Нова демократија...
„Брима Галуп“: 43 проценти од граѓаните не веруваат во ниту еден политичар
Доколку следната недела се одржат избори, 25,8 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ би се изјасниле 16,7 проценти, за ДУИ би гласале 6,5 отсто, за ДПА - 3 отсто, за Беса - 3,2 отсто, неодлучни би биле 14 отсто, а без одговор би биле 11,5 отсто од испитаниците, покажува последната анкета спроведена од „Брима Галуп“ на барање...
„Блумберг“: Путин ќе направи своја агенција за мерење на кредитни рејтинзи
Русија формираше сопствена бонитет-агенција, бидејќи големите странски агенции за мерење на кредитни рејтинзи почнаа да се повлекуваат од таа земја, пренесува њујоршката агенција „Блумберг.“
Во претходните три недели, „Муди“ (Moody’s Investors Service Inc) и „Фич“ (Fitch Ratings Ltd) соопштиле дека попрво ќе престанат да издаваат рејтинзи во Русија, отколку нивните разграноци во Москва да ги регулира руската влада.
„Стандард енд пурс“...
Ципрас го информира Мицотакис за ситуацијата околу спорот за името
Грчките медиумски анкети полека почнуваат да му даваат водство на новиот лидер на Нова демократија, Константинос Мицотакис, пред премиерот Алексис Ципрас. Анкетата за телевизијата „Актион 24“ покажува дека според испитаниците, Мицотакис би бил посоодветен премиер од Ципрас.
Според резултатите, 27 отсто од испитаниците се изјасниле дека Мицотакис е подобра опција од Ципрас, на чија страна застанале 25 отсто од испитаниците....