fbpx

Анкета: 49 % од Ромите за короната се информираат од ТВ, а најмногу му веруваат на Министерството за здравство

-

Кај ромската заедница сè уште на прво место како начин на информирање е телевизијата, што воедно би можело да се имплицира и на тоа дека најголема доверба имаат во телевизиите на сметка на онлајн медиумите и/или на немање соодветен пристап до интернет. Ова го покажува анкетата на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“.

Анкетата поврзана со кризата за време на корона вирусот е спроведена во периодот од од 26 март до 5 април. Во неа учествувале вкупно 332 испитаници од сите етнички заедници (141 Роми и 191 Нероми) кои живеат во Македонија.

Довербата кон телевизијата со себе ја носи и довербата во информациите што ги објавува Министерството за здравство. Ромите за вирусот најчесто се информираат преку МЗ (55%), потоа преку Светска здравствена организација – СЗО (21%), Социјални мрежи (15%), Веб-портали (5%) и друго (3%).

Сепак тие се свесни и за последиците од Ковид-19 што ќе се почувствуваат во земјата. Конкретно за нив, Ромите одговориле дека последиците ќе ги почувствуваат за повеќе од 18 месеци. Според тоа може да се заклучи дека и Ромите и Неромите очекуваат последиците од корона вирусот подолгорочно да се одразат врз Ромите, отколку генерално на државата. Како претпоставка за ваквите предвидувања е нискиот социоекономски статус на ромската заедница којашто е ранлива и во нормален контекст, а особено е ранлива во период на вонредна состојба.

Но најголем дел од Ромите (60%) сметаат дека ги почитуваат мерките на Владата, додека пак, кај Неромите соодносот „Ги почитуваат“ наспроти „Не ги почитуваат“ е 43% наспроти 57%. Иако разликата не е премногу значајна, сепак преовладува ставот кај Неромите дека ромското население во РСМ не ги почитува препораките од Владата, што би можело да се должи на веќе постоечката стигма кон ромската заедница, но и поради креираниот наратив од страна на одредени новинари и претставници на институции.

Од „Ромалитико“ апелираа надлежните да обезбедат основни услови за живот за ромската заедница во време на корона кризата. Тие до Владата доставија и барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...