Светски ден на интерпункцискиот знак ; за подигање на свеста за менталните нарушувања и превенција од самоубиства

Интерпункцискиот знак (;) точка-запира, се користи кога реченица може да се заврши, но сепак следува дообјаснување или завршна мисла.

Секоја година 16 април се одбележува денот на овој интерпукциски знак со цел подигање на свеста за менталните нарушувања. Целта на овој ден е да им се оддаде почит на оние кои се обиделе или помислиле на самоубиство, а воедно и да ги споделат своите приказни со светот, во обид да ја подигнат свеста за ментални заболувања и превенцијата од самоубиства.

Според податоците Светската здравствена организација, близу 800.000 луѓе умираат поради самоубиство секоја година. Тоа е трета водечка причина за смрт кај адолесцентите од 15 до 19 години. Статистиката на СЗО покажува дека 79% од самоубиствата се случуваат во земјите со ниски и средни приходи.

Во Македонија, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во просек се случуваат 153 самоубиства годишно. Во периодот од 2008 до 2018 година вкупниот број изнесува 1.533. Пред две години, самоубиство извршиле 116 луѓе од кои 91 биле мажи, а 25 жени.

Во услови на тешка криза со корона вирусот, од Министерството за здравство објавија телефонски броеви за психолошка поддршка во време на пандемија:

  • Од 9.00 до 16.00 часот секој работен ден:
    За тинејџери и нивните родители: 078/378 728
    За родители на деца со попреченост: 070 291 574
  • Од 9.00 до 19.00 часот секој работен ден:
    Деца на училишна возраст, родители на деца на предучилишна и училишна возраст: 072 912 676
  • Трудници и родилки: 078 378 766
  • Лица со нарушување на слухот, говорот и гласот: Вибер 072 919 009
  • Психолошка поддршка на албански јазик: 070 291 657
  • Возрасни лица во самоизолација: 072 919 009
  • Граѓаните на Дебар и Центар Жупа: 070 241 807Од министерството објавија и броеви за психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти во овој период на корона кризата.