fbpx

Ах, маките на „Дума“ со „недоносени“ заклучоци

-

Во којзнае кое продолжение веќе во „историскиот сериски спектакл“ што се „снима“ во соседна Бугарија, бугарскиот дневен весник со лева ориентација „Дума“ излезе со „нова“ лекција и за „неосвестените“ во Македонија, но и за бугарската власт.

Во серија жалопојки и „факти“, во коментарот „Ех, мъко македонска“ (Ех, мако македонска), авторката се обидува да ги поучи и оние што не го прифаќаат класичниот бугарски наратив за Македонците и за македонскиот јазик, но притоа дава и некои автоголови.

Неточностите во коментарот лесно се препознаваат и исто лесно се оповргнуваат.
„Кога во 1945 година зедоа еден бугарски дијалект и од него создадоа македонски јазик со декрет и со српски букви…“, ќе напише авторката на текстот, која очигледно не прочитала како по таа позиција се произнесе Институтот за бугарски јазик (ИБЈ) при Бугарската академија на науките. Имено, бугарските лингвисти говорат за „говори“ од „непрекинатата дијалектна површина на бугарскиот јазик“. А во коментарот сето тоа се сведува на дијалект. Без многу разглобување, лингвистиката, не само бугарска, дефинитивно зборува за поголем број дијалекти на подрачјето на денешна Северна Македонија.

Уште почудно е и тврдењето за прогласување јазик со декрет, но на тоа веќе одговоривме вчера, а најчудно од сè е споменувањето некакви си „српски букви“.

Елем, македонското писмо е кирилско, при што 90 па и повеќе отсто од буквите ги споделува со бугарската и со српската кирилица речиси подеднакво. Другите букви пак соодветно ги пренесуваат фонемите (да ги споменеме разликите на меките и тврдите ќ, ѓ, љ меѓу македонскиот и српскиот јазик). И од каде сега српски букви, кога буквите за овие согласки драстично се разликуваат во македонското и српското писмо!? Авторката, се разбира, нема образложение, само неосновано тврдење.

Во коментарот потоа авторката се залетува уште понатаму, па зборува дека „злосреќната Македонија е откината од Бугарија во јули 1878 година, поради игрите на Великите сили. Мисли на Сан Стефанскиот договор и на Берлинскиот договор. Со првиот територијата на денешна Македонија, но и територии на сегашни Грција, Албанија и Србија се придодадени на Бугарија, но тоа трае само три месеци месец, па во месецот и годината што ги споменува, одлуките од договорот се поништени со Берлинскиот договор. Па и не е некое губење нешто што било прилепено како територија само некој месец…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...