fbpx

„Со Народната банка во светот на финансиите“, нов проект за финансиска едукација

-

Од денеска започнува емитувањето на серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Предвидено е серијалот да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови. Меѓу другото, со него ќе бидат опфатени теми од областа на плаќањата, личните финансии, кредитирањето и други значајни финансиски прашања.

„Визуелното претставување на одговорите на дел од клучните, актуелни економски прашања за граѓаните претставува иновативен пристап во финансиската едукација на населението кај нас, којшто веќе го применуваат повеќе централни банки на земји од Европската унија. Претходно, во март годинава, започна објавувањето и на серијалот информативни и едукативни текстови „Економија за секого“. Подготовката на еден ваков проект е дополнителна потврда на решеноста на нашата централна банка да ги следи препораките на релевантните меѓународни институции и организации и најдобрите практики во сферата на финансиската едукација“, соопштуваат од Народна банка.

Серијалот „Со Народната банка во светот на финансиите“ ќе се подготвува и ќе се емитува и во текот на следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...