fbpx

По удар од брод, се сруши мост во Балтимор – автомобили и луѓе завршија во реката

Службите за итни случаи инфомираа дека бараат околу дваесет лица за кои се верува дека се во водата

-

Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако товарен брод удри во него утрово. Повеќе автомобили завршија во реката Патапско, јави Гардијан.

Бродот Дали, под знаме на Сингапур, удрил во мостот, по што се запалил, пред да потоне. Во видео споделувано на социјалната мрежа „Х“ се гледа како голем дел од мостот долг 2,6 километри паѓа во водата.

Службите за итни случаи инфомираа дека бараат околу дваесет лица за кои се верува дека се во водата, според директорот за комуникации на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

„Нашиот фокус во моментов е да се обидеме да ги спасиме и закрепнеме овие луѓе“, изјави Картрајт, кој додаде дека е премногу рано да се знае колку луѓе се погодени, а колапсот го опиша како „развивачки настан со масовни жртви“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...