fbpx

Блинкен во посета на Израел додека САД повикуваат на итен прекин на огнот во Газа

Посетата на Блинкен во Израел доаѓа пред гласањето во ОН за нацрт-резолуцијата на САД, која повикува на итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас

-

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тел Авив, Израел, во неговото шесто патување во регионот од почетокот на војната во Газа.

Блинкен рече дека за време на разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот кабинет ќе сподели алтернативи за планираниот копнен напад на Израел врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, пренесе Гардијан.

Посетата на Блинкен во Израел доаѓа пред гласањето во ОН за нацрт-резолуцијата на САД, која повикува на итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас. Ова е првпат САД да ги поддржат повиците за итен прекин на огнот во регионот, откако претходно ги блокираа таквите барања во ОН.

Портпаролот на израелската војска изјави дека нивните сили привеле стотици борци на Хамас и Исламски џихад, вклучително и голем број безбедносни службеници и воени команданти, за време на нападот во главната болница во Газа, пренесе Ројтерс.

Хамас и медицинскиот персонал негираат дека болницата се користи за воени цели или како засолниште за борците. Портпаролите на Хамас во последните денови рекоа дека загинатите не се борци, туку пациенти и раселени луѓе и го обвинија Израел за воени злосторства.

Израелските војници влегоа во болницата Ал-Шифа во Газа во понеделникот во раните утрински часови и го пребарувале комплексот за кој тврдат дека е поврзан со мрежа од тунели што се користат како база за палестинските борци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...