fbpx

Отворените денови се начин да покажеме како инвестираме во безбедностa, рече Петровска во Тетово

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Тетово присуствуваа на приказот на воена опрема и вештини на припадниците на Армијата, во рамки на Отворените армиски денови кои се организираат во повеќе градови низ државата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

-

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Тетово присуствуваа на приказот на воена опрема и вештини на припадниците на Армијата, во рамки на Отворените армиски денови кои се организираат во повеќе градови низ државата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Членството во НАТО, рече министерката, е исклучително важна, стратешка цел која ја достигнавме и горди сме на тоа, а преку овие отворени денови на Армијата граѓаните кои имаат и најголема доверба токму во Армијата можат одблизу да се запознаат со нејзината опрема и армиските припадници.

„Преку ваквиот тип на активности сакаме Армијата да ја приближиме до граѓаните кај кои ужива голема доверба и тоа ме радува. Сакаме да им покажеме на граѓаните што е она во што инвестираме и како ние ја гарантираме нивната безбедност и стабилност“, рече министерката.

Петровска изрази задоволство од големата посетеност и интересот кај тетовчани за овој отворен ден. Во Тетово можеше да се види различен тип на воена опрема, приказ на вештините и опремата на специјалните сили, како и настап на воениот оркестар.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...