fbpx

Знамето на Украина подигнато пред Министерството за одбрана во знак на поддршка

Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со македонското знаме до понеделник, 26 февруари, информираат оттаму

-

Утрово пред Министерството за одбрана (МО) беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на 2 години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година, соопштија од министерството.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина во Северна Македонија Лариса Дир. Фото: Министерство за одбрана

„На чинот на подигањето на знамето присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина во Северна Македонија Лариса Дир. Северна Македонија продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет“, наведено е во соопштението до медиумите.

Во него стои дека досега Владата донела дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош на Украина.

„Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, а тоа беше потврдено од страна на министерката Петровска и на состанокот на Советот НАТО – Украина кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел за време на минатонеделниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО. Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на Северна Македонија до понеделник, 26 февруари“, информираат во МО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...