Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во рамки на одбележувањето на овој ден, во Институтот за македонски јазик ќе бидат презентирани творби на повеќе јазици, а ќе биде посетена и спомен-собата на Мисирков

-

По повод денешниот Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, организира „Македонистички час“ на лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот. Освен тоа, и Институтот з македонски јазик денеска го одбележува Денот на мајчиниот јазик со посебна програма во рамки на Институтот.

Меѓународниот семинар при УКИМ има 11 лекторати по македонски јазик, литература и култура во: Турција (Инстанбул), Унгарија (Будимпешта), Полска (Краков и Сосновјец), Руската Федерација (Москва), Хрватска (Риека), Анкара (Р Турција), Романија (Букурешт), Франција (Париз), Кина (Пекинг) како и во Албанија (Тирана).

„Во годината која ректорката на УКИМ Биљана Ангелова ја прогласи за година на македонистиката, се одржуваат бројни кампањи, школи и активности, за да се афирмира македонистиката кај нас и во светот“, наведено е во соопштението од МСМЈЛК.

Кристина Николовска, директорката на Меѓународниот семинар, вели дека јазикот е суштина и највисока претставителност.

„Јазикот убавото лице на нашата култура. Тој живее и се прераѓа преку нас. Мисијата на македонистиката ја развиваме како високообразовна, научна и културна дејност која има меѓународно значење и непроценлива вонвременска вредност“, рече Николовска.

И Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска во амфитеатарот на Институтот го одбележува овој ден. Свои обраќања ќе има директорката проф. д-р Елена Јовановска-Грујовска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и проф. д-р Борче Арсов. Во рамки на одбележувањето ќе бидат презентирани творби на повеќе јазици, а ќе биде посетена и спомен-собата на Мисирков.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик беше прогласен од УНЕСКО во 1999 година. Идејата да се прослави овој ден беше на иницијатива на Бангладеш. Генералното собрание на Обединетите нации, го поздрави прогласувањето на денот во својата резолуција од 2002 година.

Денеска се зголемува свесноста за тоа дека јазиците играат витална улога во развојот, во обезбедувањето културна разновидност и меѓукултурниот дијалог, но и во зајакнувањето на соработката за поквалитетно образование за сите, како и во градењето инклузивни општества, но и во зачувувањето на културното наследство.

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од 18 часот. „Македонија...

МОН со препорака за учениците и родителите да не читаат многу вести за несреќата

Министерството за образование и наука вчера испрати три документи со насоки до средните и основните училишта, кои содржат насоки за училиштата и наставниците, за родителите, и насоки за водење час по...

ЕУ евакуира жртви со изгореници од смртоносниот пожар во Кочани преку механизмот за цивилна заштита

Во раните утрински часови на 16 март, избувна пожар во ноќен клуб во Кочани, при што 59 лица трагично го загубија својот живот, а повеќе од 155 беа повредени. Веднаш по...

Илјадници студенти се собраа на платото на УКИМ – министерката Јаневска исвиркана

Дождот во Скопје не ги спречи илјадниците студенти да се соберат на општествениот кампус на УКИМ за да изразат почит кон настраданите во трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 59...

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од...