fbpx

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните документи

BМРО-ДПМНЕ денеска поднесе кривична пријава против ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради тоа што МВР, под негово раководство, 2,5 години издавало документи за кои се знаело дека рокот на истекување нема да биде тој кој го пишува во документот

-

Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд во врска со личните карти, возачките дозволи и пасошите. Иницијативите се однесуваат за периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење бидејќи некои сѐ уште се со важност, како и на правото на слобода на движење, рече претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска.

Сепак, таа потенцираше дека слободата на движењето не е во надлежност на Уставниот суд и ја истакна потребата на правото на уставна тужба.

„Токму тука би нагласила дека сега политичарите, се надевам, ќе разберат зошто 2,5 години бев силен поддржувач на воведувањето на уставната тужба. Ако ние го имавме овој институт, уставна тужба, тогаш граѓаните ќе можеа да се обратат до Уставниот суд за секое нивно барање, за секоја слобода и право што им е загарантирано со Уставот“, рече Кацарска, одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на поштенска марка по повод 60 години постоењето на Уставниот суд.

За проблемот со патните исправи BМРО-ДПМНЕ денеска поднесе кривична пријава во Јавното обвинителство против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Спасовски во овој период, од 12.02.2019 па до средината на 2021 година свесно и директно, раководејќи со Министерството за внатрешни работи, кое впрочем ги издава овие документи, нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета. Впрочем тој врши злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата. И оваа кривична пријава впрочем се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон“, изјави Јанушев, пратеник и поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...