fbpx

Донесени програмите за финансирање земјоделски производители на храна и за микроземјоделски производители на вино

Владата вчера ja донесе и Програмата за спроведување на Интервентен фонд во земјоделството за 2024 година - отворена програма преку којашто може да се креираат мерки за поддршка на секој земјоделец, секогаш кога ќе се појави потреба од тоа

-

Владата вчера ја донесе Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2024 година и Програма за финансирање микроземјоделски производители на вино за 2024 година.

Со овие програми, велат од Владата, се обезбедува грант поддршка до 10.000 евра за малите производители на храна и за малите винарии, како и поддршка за набавка на опрема за производство.

Од Владата информираат дека на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се овозможи поддршка и на централната манифестација Ден на лозарите – Св. Трифун 2024, организацијата на манифестација Ден на Станушината (Stanushina Day) за афирмација на единствената македонска автохтона сорта на винско грозје и организацијата на Вински маратон „Wine and Run“.

Владата вчера ja донесе и Програмата за спроведување на Интервентен фонд во земјоделството за 2024 година.

Станува збор за отворена програма преку којашто може да се креираат мерки за поддршка на секој земјоделец, секогаш кога ќе се појави потреба од тоа, информираат од Владата.

„Во Програмата, во моментов, се креирани две мерки за поддршка на земјоделците. Едната е финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистрирани капацитети за откуп, директно или преку еден откупувач. Предвидено е земјоделските стопанства да се поддржат со 5 денари по предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи. Другата е финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино“, се вели во владиното соопштение.

Предвидено е поддршката да изнесува 1 денар по килограм откупено винско грозје како и произведено од сопствен насад од реколта 2023 година, со максимален износ по корисник за оваа подмерка е 6.000.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...