fbpx

Се урна хеликоптер на американската морнарица за време на воена вежба, причините непознати

Сите шест членови на екипажот ја преживеале несреќата, а причините за несреќата ќе се истражуваат

-

Хеликоптер на американската морнарица вчера се урна во Јужна Калифорнија, во водите на заливот Сан Диего, објавија медиуми во САД по изјавата на воениот портпарол Бет Теч.

Хеликоптерот „MH-60R Seahawk“ (Јастреб) учествувал во воена вежба, пренесува „Фокс Њуз“.

Сите шест членови на екипажот ја преживеале несреќата. Тие биле спасени во водата, извадени на брегот, по што биле испратени на медицински прегледи.

Претставници на морнарицата тврдат дека никој од екипажот не претрпел посериозни повреди.

Леталото „MH-60R Seahawk“ е главниот хеликоптер на морнарицата за борба против подморници, а може да учествува во мисии и операции за извидување, пребарување и спасување. Причината за несреќата дополнително ќе се истражува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...