fbpx

Новиот контроверзен аргентински претседател стапи на власт, на инаугурацијата се расправаа Зеленски и Орбан

На инаугурацијата на политичкиот аутсајдер Хавиер Милеи, тој ја предупреди Аргентина за „шок третман“, вклучувајќи остри штедни мерки

-

Хавиер Милеи вчера официјално го зазема претседателското место на Аргентина. За време на процесијата до претседателската палата, тој им мавташе на своите фанови, седнат до неговата сестра Карина, за која се смета дека ќе има значајна улога зад кулисите во аргентинскиот парламент, известува Би-би-си.

За време на својот прв говор како претседател, Милеи најави оти аргентинскиот народ може да очекува „шок третман“ за време на неговото претседателство.

Тој најави остри штедни мерки за справување со државниот долг на Аргентина, признавајќи дека е контроверзна мерка, но тврдејќи дека не постои друго решение за економската криза во државата, каде 40 отсто од народот се смета за сиромашен, според Меѓународниот монетарен фонд.

„Краткорочно гледано, знаеме дека ситуацијата ќе се влоши. Но, долгорочно, ќе ги видиме плодовите на нашите напори“, рече Милеи во однос на имплементирањето на штедните мерки.

Во публиката на инаугурацијата можеше да се види претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој се сретна со неколку лидери на Латинска и Јужна Америка, со цел собирање поддршка за својата држава. На церемонијата беше присутен и премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кој дели слични политички ставови со новоизбраниот аргентински претседател.

По социјалните мрежи се ширеше видео каде се гледа како Орбан и Зеленски зборуваат тензично. Владата на Орбан неодамна укажа оти е подготвена да ги блокира преговорите за членството на Украина во Европската Унија, повикувајќи се на високото ниво на корупција во државата.

Инаку, Милеи се прослави во Аргентина за време на неговата претседателска кампања, каде често се појавуваше во јавноста со пила, алудирајќи дека со неа ќе го скрати аргентинскиот државен буџет. Тој исто така има најавено дека сака да затвори голем број од министерствата, како и централната банка.

Сè уште е нејасно колку од своите ветувања ќе успее да ги исполни новоизбраниот претседател, кој веќе ублажи дел од своите ставови. Дополнително, неговата партија нема мнозинство во собранието, што ќе претставува значителна препрека при глаткото спроведување на своите политики.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел оди во финалето на Евровизија и покрај протестите со поддршка за Газа во Малме

Израелскaта пејачка Еден Голан се квалификуваше за финалето на Евровизија после јавното гласање. Нејзината победа следуваше неколку часа откако илјадници пропалестински демонстранти се собраа на улиците на Малме, Шведска, каде...