fbpx

Љупчо Палевски во 40-дневен екстрадициски притвор во Турција

Определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски во траење од 40 дена, информираше Министерството за правда

-

Врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски во траење од 40 дена, информира Министерството за правда.

Љупчо Палевски – Палчо е првоосомничен за грабнување и за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Во 30-дневен притвор се уште петмина осомничени, поврзани со убиствата. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска не сакаше да разјасни ниту дел од отворените прашања за двојното убиство.

„Со поднесувањето на кривичните пријави, целосната истрага оди во Основното јавно обвинителство. Не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата бидејќи не може да ја водиме во медиумите, таа треба да се води во обвинителството“, изјави министерот Спасовски.

Не е јасен мотивот за двете убиства, ниту пак дали МВР го има оружјето со кое се извршени. Засега е познато само дека полицијата запленила два пиштола, но се чекаат резултатите од вештачењето. До обвинителството не е доставен ниту обдукцисиот наод, кој треба да покаже кога и на кој начин настапила смртта кај девојчето и кај Жежовски.

„Сите тие информации, како и вештачењето, ќе бидат доставени до јавното обвинителство во моментот кога ќе бидат завршени“, рече Спасовски.

Палевски беше уапсен во Турција на 5 декември. Во притвор е и неговиот пријател, Стефан Димковски, со чие возило го превезувал низ Бугарија до Турција. Тој, според полицијата, ја напуштил државата на 30 ноември, три дена по убиството на 14-годишната Вања, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември.

Кривичната пријава која МВР ја доставило до ОЈО била напишана на повеќе од 100 страници.

Љупчо Палевски – Палчо е осомничен за убиство и грабнување. Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски се осомничени за грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие), додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...