петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Аргентина | 23 резултати

Радикалниот десничар Хавиер Милеи победи на изборите во Аргентина

20 ноември 2023

Аргентина вчера избра нов претседател, кој на земјата ќе ѝ донесе нова неизвесност. Радикално десничарскиот популист Хавиер Милеи беше избран за следниот лидер на втората по големина економија во Јужна Америка, јавува Јуроњуз. Хавиер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина со освоени 55,69 отсто од гласовите, победувајќи го неговиот противкандидат и министер за економија […]

На ова видео не е Володимир Зеленски, туку аргентинскиот танчер Пабло Акоста

20 август 2023

Повеќе странски проверувачи на факти објавија дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци. Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се […]

Старо видео манипулира дека невакцинираните во Аргентина не можат да извадат пари од банкомат 

26 декември 2022

Постот е манипулативен, видеото споделено во него е снимено во Аргентина на почетокот на јануари, кога таму за влез во објекти бил задолжителен вакцинален сертификат, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани.  Исто така, на Аргентинците кои не се вакцинирани не им било забрането да вадат пари од […]

Aргентина е светски шампион во фудбал

18 декември 2022

Aргентина е светски шампион во фудбал, откако во финалето на Мундијалот, што се одржува во Доха, Катар, ја победи Франција. Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 2:2, по што следуваа продолженија по кои резултатот беше 3:3. Во пенал рулетот подобра беше Аргентина, откако Французите промашија двапати. Ова е трета светска титула на Аргентина, прва по […]

Есперанца е второто лице во светот кое природно оздравело од ХИВ

19 ноември 2021

Жителка на Аргентина која симболично е именувана Есперанца предизвика голема љубопитност во светот на науката и медицината. Се верува дека таа е второто лице на светот кое природно оздравело од ХИВ, без да користи лекови или каков било друг третман, објави Еуроњуз. Се чини дека вирусот исчезнал од нејзиното тело, информира еден од авторите на […]

Исчезна аргентинска воена подморница со екипаж од 44 члена

17 ноември 2017

Подморница на аргентинската војска со екипаж од 44 лица исчезна денеска во морето, соопшти денеска портпаролот на морнарицата, Енрике Балби, додавајќи дека во тек е интензивна потрага за да се лоцира. Последен пат подморницата ја пријавила својата локација во Аргентинското Море, пред два дена. – Испитуваме причини поради кои не постои комуникација – рече Балби, […]

Аргентина одбележува 40 години од воениот удар

25 март 2016

Неколку илјади лица маршираа во Буенос Аирес во знак на сеќавање на 40-годишнината од воениот удар кој доведе до воспоставување на репресивен режим, одговорен за убивањњето и за исчезнувањето на неколку илјади лица. Демонстрантите се собрале на плоштадот Плаза де Мајо. Годишнината се обележува за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама. Неколку групи […]

Аргентина: Полициски автобус падна во ендек – 30 загинати

14 декември 2015

Околу 30 лица загинаа откако автобус кој превезува аргентински погранични полицајци се урна во ендек во северната провинција Салта, соопшти провинцискиот директор за итни случаи, Ернесто Флоренс. – Станува збор за приближно 30 загинати – рече Флоренс, додавајќи дека во автобусот имало меѓу 50 и 60 патролни полицајци и оти некои сè уште се заглавени […]

Едно лице загинало во земјотресот во Аргентина, повеќе згради оштетени

17 октомври 2015

Најмалку едно лице го загубило животот во силниот земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала што денеска го погоди северозападниот дел на Аргентина, јавуваат светските агенции. Аргентинската државна новинска агенција „Телам“ соопшти дека во земјотресот животот го загубила една жена, дека повеќе згради се оштетени, а едно училиште било урнато. Според последните информации, епицентарот на […]

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

17 октомври 2015

Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала, денеска го погоди северозападниот дел на Аргентина, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил на 131 километар југоисточно од Салта, главен град на истоимената аргентинска покраина. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Запленет кокаин во пратка со лигњи од Аргентина

10 август 2015

Италијанската гранична полиција запленила 49 килограми чист кокаин, скриен во контејнер во кој се транспортирале смрзнати лигњи од Аргентина. Според зборовите на обвинителот на покраината Реџо Калабрија, Федерика Кафиера де Раоа, доколку оваа пратка се нашла во продажба на улиците, би достигнала вредност од 10 милиони евра. Кокаинот е пронајден во пристаништето Џоја Тауро, а […]

Железничка несреќа во Буенос Аирес

8 јуни 2015

Најмалку 40 лица се повредени откако патнички воз удри во локомотива на сообраќајна делница на пругата во предградие на Буенос Аирес, соопштија аргентинските власти. Екипите на брзата помош и противпожарните служби ги згрижиле повредените и ги префрлиле во најблиската болница, а потврдија и дека нема тешко повредени. Несреќата се случила вчера во градот Темперлеј, во моментот […]

Протести против насилството врз жените во Аргентина

4 јуни 2015

Илјадници луѓе во аргентинската престолнина Буенос Аирес учествуваа на протестите против насилството врз жените. Демонстрациите против „фемицид“се организирани и во другите градови, како и во соседните земји, Чиле и Уругвај. Протестите следуваат по неодамнешните случаи на насилство врз жени, што ја шокираа Аргентина. Групите за права на жените, синдикатите, политичките партии и католичката црква го поддржаа […]

Десетмина загинати во хелихоптерска несреќа во Аргентина, меѓу нив и славни спортисти

10 март 2015

Осуммина француски државјани, меѓу кои и славната едриличарка Флоренс Арто, олимпската пливачка и носителка на златен медал, Камил Муфат и олимпискиот боксер Алекисис Вастин, ги загубиле животите во судир на два хелихоптера, за време на снимањето на реалното телевизиско шоу „Фрлени“ (Dropped), во провинцијата Ла Риоха, на североистокот на Аргентина, јавуваат светските медиуми. Во несреќата […]

Обвинение против аргентинската претседателка

13 февруари 2015

Дека ги штитела иранските официјални претставници од кривично гонење за бомбашките напади врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес во 1994 година, е обвиниета аргентинската претседателка Кристина Кирхнер. Оваа одлука на обвинителството е продолжение на случајот во кој Кирхнер беше гонета од обвинителот Алберто Нисман, кој почина минатиот месец под мистериозни околности, пред аргентинскиот Конгрес да […]

Град во Аргентина ги забрани изборите за убавина

23 декември 2014

Аргентинскиот град Чивилкој ги забрани изборите за убавина, бидејќи се „сексистички“ и „поттикнуваат насилство над жените“. Градскиот совет на Чивилкој соопшти дека таквите натпревари поттикнуваат опседнатост со физичката убавина и болести како што се булимијата и анорексијата. Во Латинска Америка изборите за најубава жена често претставуваат отскочна штица за телевизиска или за филмска кариера. Градскиот совет […]

Орангнутанот Сандра доби човекови права

22 декември 2014

Аргентинскиот суд одлучи дека суматранскиот орангутан Сандра, кој 20 години мина во зоолошката градина во Буенос Аирес, треба да се признае како личност со права на слободи. Според одлуката, која судиите ја потпишаа едногласно, Сандра треба да биде ослободен од заробеништво и да биде префрлена во природна средина во Бразил. Судот утврди дека приматите, иако […]

Ќе се снима филм за папата Франциск

7 декември 2014

Игран филм за животот на Хорхе Марио Бергољо, од детството до избирањето за папа, следната година ќе се снима во Аргентина, а главната улога ќе ја има аргентинскиот актер Дарио Грандинети. Снимањето на филмот, кој ќе го режира Шпанецот Беде Докампи Феијао, ќе почне во јануари, а ќе се врши на локации во Буенос Аирес, […]

„Проктер енд Гембл“ непожелна во Аргентина

4 ноември 2014

Аргентина привремено го забрани работењето на мултинационалната компанија „Проктер енд Гембл“ во земјата, обвинувајќи ја за испумпување пари и за затајување данок. Компанијата, која стои зад десетина најсилни светски марки, меѓу кои се и пелените „памперс“, батериите „дурасел“ и детергентот „тајд“, е обвинета дека испумпала 138 милиони долари од Аргентина, ги прикрила вистинските износи на […]

Страна 1 од 1