fbpx

Заложничка драма на аеродромот во Хамбург, 35-годишен маж со возило во кое имало и дете упаднал на пистата

Автомобилот, кој го управувал 35-годишен маж и во него имало 4-годишно дете, застанал под еден од паркираните авиони, изјави за Ројтерс претставник на германската полиција

-

Аеродромот во Хамбург денеска е затворен, соопштија германските власти, бидејќи полицијата се справува со заложничка ситуација за која велат дека најверојатно вклучува спор околу изрекувањето на мерка притвор, објави Ројтерс.

Од вчера вечер еродромот е затворен за сите полетувања и слетувања, а на местото на настанот има голем број на полициски сили за да се справат со мажот кој со возило во кое има дете преминал преку заштитните бариери на аеродромот. 

Автомобилот, кој го управувал 35-годишен маж и во него имало 4-годишно дете, застанал под еден од паркираните авиони, изјави за Ројтерс претставник на германската полиција.

„Операцијата продолжува. Нашите преговарачи се во контакт со лицето во автомобилот“, објави полицијата социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Полицијата соопшти дека мајката на детето им рекла дека таткото бил во контакт со неа. Полицијата не ги потврди нивните претходни изјави дека мажот бил вооружен и пукал.

ИзворРојтерс

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...