fbpx

Со апликацијата „Parking.MK“ ќе може да се плаќа паркинг во Скопје од мобилен

По воспоставувањето на трите начини на поедноставено плаќање на паркинг услугите преку СМС порака, QR код и грепки, новината со мобилната апликација „Parking.MK“ носи поголема леснотија за плаќање од корисниците

-

Скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ денеска ја пушти во употреба апликацијата „Parking.MK“ за зонско паркирање, која ќе биде достапна за користење на IOS и ANDROID уредите, информираа од ЈП „Градски паркинг“.

„Апликацијата е бесплатна за симнување, едноставна за примена и нуди низа поволности, меѓу кои, можност преку ГПС прецизно и точно да се утврди локацијата на возилото на корисникот, а со тоа и зоната на паркирање, потоа брзо и безбедно плаќање со наведување на дебитна или кредитна картичка, листа на историја со плаќања и слично“, информираат од ЈП „Градски паркинг“.

Тие велат дека ЈП „Градски паркинг“ ги приближува своите услуги до корисниците со едноставно, брзо и паметно плаќање.

По воспоставувањето на трите начини на поедноставено плаќање на паркинг услугите преку СМС порака, QR код и грепки, новината со мобилната апликација „Parking.MK“ ќе носи поголема леснотија за плаќање од корисниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...