четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: апликација | 93 резултати

Можности за младите: Обука за визуелизации на податоци, платено практикантство и посета на САД

3 октомври 2024

Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот центар за новинари трета година по ред ја продолжуваат програмата „Новинарство за новата генерација“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје. И оваа година десетици млади од земјата имаат можност да учествуваат на обуки, да бидат дел од платено практикантство, а најдобрите ќе заминат на еднонеделна студиска посета на САД. […]

Грција со дронови во борба против пренатрупаните плажи

16 јули 2024

Локалните жители во Грција на кои им е „преку глава“ од плажите покриени со лежалки, се потпираат на користењето апликација за пријавување граѓани кои ги пренатрупуваат плажите. Апликацијата е поврзана со работатата на беспилотни летала кои ги надгледуваат плажите и ги известуваат корисниците. Најмногу прекршоци имаат ресторани, барови и компании кои не поседуваат дозвола за […]

Мета факт: Во тек е изработката на мобилна апликација и веб-страница наменети за младите од Скопје

6 јуни 2024

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, во својата предизборна програма насловена како „Програма за модерно Скопје“, вети дека ќе биде обезбедена апликација, преку која младите ќе се информираат за настани и услуги од нивен интерес. Според одговорите што ги добивме од градските власти, овој проект е во реализација, по што може да се заклучи дека […]

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

29 март 2024

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат на свои блиски кои имаат дијабетес, Ѓорѓина и Марио ги искористиле развојот на технологијата и можностите кои ги нуди за да понудат решение за еден медицински […]

Студентите на Бреинстер креираат апликација со која граѓаните ќе пријавуваат загадување во Скопје

7 октомври 2023

Со цел да се намали загадувањето и да се подобри квалитетот на воздухот во Скопје, студентите на македонската едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster) викендов креираат апликација за детектирање и пријавување на загадувачите. Во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух), Бреинстер организира два хакатона, на кои студентите ќе ја создадат платформата Breathe.mk. Оваа апликација што во […]

Со апликацијата „Parking.MK“ ќе може да се плаќа паркинг во Скопје од мобилен

13 септември 2023

Скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ денеска ја пушти во употреба апликацијата „Parking.MK“ за зонско паркирање, која ќе биде достапна за користење на IOS и ANDROID уредите, информираа од ЈП „Градски паркинг“. „Апликацијата е бесплатна за симнување, едноставна за примена и нуди низа поволности, меѓу кои, можност преку ГПС прецизно и точно да се утврди локацијата […]

Со апликацијата „Мое здравје“ граѓаните ќе имаат увид во своите здравствени картони

25 мај 2023

Министерството за здравство презентираше мобилна апликација „Мое здравје“, со која граѓаните ќе имаат можност да пристапат до личните здравствени податоци. Апликацијата, како што соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити, вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите […]

Само што воведени, електричните тротинети во Скопје се крадат и се уништуваат

23 мај 2023

Големи дебати и недоумици во јавноста, особено поради недоволниот број информации деновиве се шират меѓу граѓаните на Скопје, а откако станаа забележливи новите сини тротинети кои можат да се забележат оставени на тротоарите, на зелени површини, покрај огради итн. На социјалните мрежи наголемо се дискутира дека во земјава нема доволно развиена свест за проекти од […]

ИНОВАЦИЈА: Млади направија апликација за пребарување на најблиската аптека со најевтин лек

17 март 2023

Симеон Маркоски, Ева Аговска и Михаил Мојсоски од старт-ап организацијата „Startier“ се тројцата млади таленти кои ја изработија апликацијата „Најди Аптека“, преку која граѓаните можат едноставно и брзо да дојдат до информација за цената на лековите и медицинските производи во аптеките, како и за најблиската аптека до нив. Мета.мк разговараше со двајца од тричлениот тим […]

Со апликацијата „Имерсиум“ поблиску до македонското културно наследство

23 ноември 2022

Голем број посетители вчера имаа можност да видат како е да се чекори по стапките на римскиот император Теодосиј за време на неговата прва посета на археолошкиот локалитет Стоби за која има записи дека се случила кон крајот на четвртиот век од нашата ера, наведено е во соопштението на Центарот за сицијални иновации „Блинк 42-21“. […]

УСС на УКИМ до студентите: Пријавете апликации за проекти и научни трудови

6 ноември 2022

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) оваа година, заедно со комисијата за наука при УСС и УКИМ, отвораат јавен повик за поднесување на апликации за научни трудови и проекти наменет за студентите на УКИМ, информираат тие. Студентите кои ќе се пријават треба да поднесат целосна апликација, која е потребно да […]

Дигитална библиотека и игри за деца достапни на новата апликација „Бокси“

2 ноември 2022

„Бокси“ е првата детска апликација наменета за читање и слушање книги во Македонија. Како што информираат од младиот тим ентузијасти, кој ја креирал оваа апликација, таа е направена за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето. „Знаевме дека мора да ги споиме светот на игрите и […]

Два тима средношколци ќе одат во НАСА, за првпат жирито избра два победнички тима

5 октомври 2022

За првпат во 10 годишното постоење на NASA Space Apps Challenge кај нас, жири комисијата во конкуренција на 5 тимови едногласно одлучи да избере два тима како прво пласирани, соопштија организаторите. Оваа година, тимовите AERTH и YCCC-SPACE EAGLES подеднакво ги освоија гласовите на членовите на жирито со понудените решенија за предизвиците. Националното супер финале од […]

УЈП заврши со ажурирањето на апликацијата МојДДВ, достапна е и на Гугл плејстор

10 август 2022

По повеќе од 20 дена откако започна ажурирањето на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека прилагодената верзија на апликацијата од денеска е достапна и на Google playstore. Корисниците на апликацијата треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето […]

Апликацијата Мој ДДВ уште не функционира за дел од корисниците, се чека одобрување од Google

5 август 2022

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека ќе може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. „Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на […]

Мапирање на аптеки и споредување на цени со новата апликација www.najdiapteka.mk

29 јули 2022

Апликација што нуди мапа на која се лоцираат аптеки и здравствени установи и споделува податоци за нив е победничкото решение од тимот на стартап компанијата „Startier“, којшто победи на третиот хакатон за отворени податоци што го организираше Фондацијата Метаморфозис. Во описот за апликацијата „Најди аптека“, која што воедно има и своја веб-верзија, достапна за користење […]

Апликацијата „Бебо“ им дава стручни совети на родителите за здравјето на децата

6 јули 2022

УНИЦЕФ заедно со претставници на неколку министерства, денеска ја претстави првата мобилна апликација „Бебо“ („Bebbo“) која е наменета за родители и сите што се грижат за деца на возраст од 0 до 6 години. На настанот имаше и дискусија за тоа како да се зајакнат услугите за поддршка на родителите и стратателите за да можат […]

Snapchat планира да воведе претплата за корисниците на премиум услуги

18 јуни 2022

Snapchat започна со тестирањето на опцијата за воведување на претплата за опцијата Snapchat Plus, за која што би биле заинтересирани корисниците на премиум услуги, јавуваат светските медиуми. Бесплатната верзија на апликацијата ќе може да се користи и во иднина од сите, со тоа што во наредниот период нема да бидат достапни премиум услугите за корисниците […]

Апликација за продажба на користена облека меѓу победничките бизнис идеи на Стартап Викенд Скопје

13 мај 2022

Во просториите на Инофеит, при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) изминатиот викенд, по 11-ти пат, беше одржан Стартап Викенд Скопје. На овој настан 50 млади луѓе поддржани од 15 искусни ментори интензивно работеа на нивните креативни идеи. Разработените идеи ги презентираа пред тричленото жири составено од експерти во различни области (дизајн, иновации и […]

Промовирана апликацијата „Сиборд“ за унапредување на инклузивноста на децата со попреченост

12 мај 2022

Претставништвото на УНИЦЕФ и партнерите, организацијата „Отворете ги прозорците“ во Северна Македонија денес го промовираа имплементирањето на дигиталната апликација и алатка за асистивна технологија, „Сиборд“, креирана за да им помогне на децата кои имаат тешкотии во комуникацијата и нарушувања на говорот за да можат да комуницираат и да ги искажат своите потреби, чувства и мисли. […]

Страна 1 од 5