вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП Градски паркинг Скопје | 16 резултати

Повторно директорски смени во ЈСП-Скопје и Градски паркинг

април 13, 2023

За помалку од две години, ЈСП-Скопје доби трет директор, додека јавното претпријатие Градски паркинг го очекува четвртиот директор што ќе биде назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска. Досегашниот директор на ЈП Градски паркинг, Крсте Петревски е назначен за нов директор на ЈСП-Скопје на местото на досегашниот директор Александар Стојковски. Градоначалничката допрва треба да го објави […]

И покрај платен паркинг и налепница за инвалидитет, велешанка за паркирано возило плати казна од 50 евра

март 17, 2023

Велешанката Билјана Гаврилова-Станковска вчера се соочила со голгота, откако вработените во ЈП Градски паркинг-Скопје ја казниле со 3.000 денари за непрописно паркирање на место за инвалидизирани лица, иако нејзиниот автомобил бил обележан со знак за инвалидитет и членската карта од Здружението за лица со посебни потреби била оставена на шалт таблата. Исто така, таа уредно […]

Хаос со паркирањето во скопскиот Клинички центар, молк од надлежните власти

декември 10, 2022

Сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје станува секојдневие за граѓаните кои се обидуваат да пронајдат паркинг место, а гужвите се и многу опасна ситуација за пациентите кои се доведуваат со брза помош и на кои им е итно потребна лекарска помош. Мета.мк веќе две недели се обидува да добие одговори за проблемот […]

Од утре паркинзите на ЈП „Градски паркинг“- Скопје со ново работно време

септември 30, 2022

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 1 октомври започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ –Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок, во периодот од 7 до 21 часот, а […]

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

септември 28, 2022

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки. Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена. Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка […]

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје само себе си се демантира

август 4, 2022

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје испрати демант на веста со наслов: „’Градски паркинг’ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места“, која што ја објави новинската агенција Мета на 1 август годинава на следниов линк: https://meta.mk/gradski-parking-lani-izdal-nad-15-000-novi-besplatni-dozvoli-za-parkiranje-a-otvoril-samo-38-parking-mesta-infografik/. Од ова скопско јавно претпријатие обвинуваат дека новинската агенција Мета намерно спинува […]

„Градски паркинг“ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места [инфографик]

август 1, 2022

Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето. Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и […]

Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје од утре со летно работно време

мај 31, 2022

Од утре, 01.06.2022 година, ЈП „Градски паркинг“ започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д, информираат денеска од Град Скопје. Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот, односно подолго во споредба со зимското работно време кое […]

Освен поевтин паркинг од март, Град Скопје нема решение за проблемот со паркирањето

февруари 20, 2022

Расте бројот на возила по скопските улици, а со тоа и недостигот на паркинг места. Граѓаните од различни делови на Скопје секојдневно се жалат дека по десетина минути кружат за да најдат слободно паркинг место, а најизразен е проблемот во скопските општини Центар и Карпош. Градот Скопје донесе одлука од 1 март да се намали […]

[Фото] На Водно и викендов хаос со паркирањето, градските власти молчат

февруари 7, 2022

И викендов хаос на Средно Водно со преголемиот број на возила што непрописно се паркираат. Најголем дел од граѓаните одат на Водно со автомобили, коишто надвор од секакви правила ги паркираат на патните правци меѓу Долно и Средно Водно и меѓу Средно Водно и Нерези. Поради ова, автобусите 25, 25А и 25Б вчера едвај се […]

[Фото] Викендов на Средно Водно сообраќаен хаос, паркира кој каде ќе стигне

јануари 31, 2022

Бесплатните автобуси за викенди и празници до Средно Водно проработеа, функционален е и бесплатниот паркинг кај „Дом на печат“, но граѓаните на Водно за викенди продолжуваат да одат со автомобили. Мета.мк вчера беше на Водно и забележа хаос со паркирањето. Возила се паркираат на секоја можна слободна површина на патот меѓу Долно и Средно Водно, […]

ЈП „Градски паркинг“ ќе ги намали цените за паркирање во Скопје – од 1 март

јануари 29, 2022

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје вчера донел одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март годинава. Со оваа одлука, цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од […]

Страна 1 од 1