fbpx

Скопски „Градски паркинг“ од утре ќе наплаќа по летно работно време до 23 часот

Почнувајќи од утре, работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота – од 7 до 23 часот

-

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ од Скопје информира дека од утре (1 јуни) започнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Почнувајќи од утре, работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота – од 7 до 23 часот, односно граѓаните за користење на услугите за паркирање ќе треба да плаќаат два часа подолго, наместо досегашното зимско работно време кое функционираше до 21 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ потенцираат дека корисниците на јавните паркиралишта треба да ги почитуваат промените, односно плаќањето за паркирање да се извршува во наведеното време, со цел да не дојде до непотребно санкционирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....