fbpx

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

-

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки.

Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена.

Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Градски паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека во ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, во ЈСП Александар Стојковски и во ЈП Водовод и понатаму директорува Марјан Митевски.

Инаку, најголемиот удар врз администрацијата на првиот човек на градот, градоначалничката Данела Арсовска, беше оставката на доскорешниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Божидар Доневски со говорот „Земјата плаче“ е победник на Ораторската вечер на УГД

Студентот Божидар Доневски од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип е победник на единаесеттата Ораторска вечер што ја организираше Правниот факултет на овој универзитет. Стручното жири за...
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
udemy course download free
download lava firmware
Download Premium WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=