fbpx

Перински ја демантира Арсовска: ЕИБ потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е според правилата и процедурите

-

Разрешениот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински повикувајќи се на соопштение од Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја  демантира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, велејќи дека секој чекор на претпријатието со кое раководеше е во согласност со правилата и процедурите.

Тој на својот Фејсбук профил истакна мислење од ЕИБ дека за проектот за изградбата на Пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Скопје се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата.

„Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки. До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, наведено е во делот од соопштението на ЕИБ што го сподели Перински.

Инаку денес, на седница за советнички прашања на Град Скопје, Арсовска одговарајќи на прашање на советникот Луке Галевски од редовите на ВМРО-ДМПНЕ обвини дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски е дел од „тендер матрицата“ од која „нема никогаш да излезе“.

„Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот, сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите“, рече Арсовска, која за неполна недела  разреши директори на три јавни претпријатија од Скопје.

Градоначалничката Арсовска го разреши директорот на Водовод, Златко Перински и секретарот Ѓоко Велковски поради Пречистителната станица

Во понеделнкот кога Арсовска го разреши Перински ,од Град Скопје сооштија дека тоа се случило заради забележано  „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“.

Проценетата вредност на проектот е 136,7 милиони евра, финансиран со заеми обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...