понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Дрисла | 52 резултати

Мицкоски во пожарите на Дрисла и Вардариште гледа политика

септември 12, 2025

Пожарот во Дрисла вчера бил под контрола, но изминатата ноќ повторно се распламтил, што според премиерот Христијан Мицкоски укажува дека се работи за подметнат пожар, исто како и тој во Вардариште, за кој веќе има приведени и осомничени лица. Скопје утрово се разбуди во магла и смрдеа, а во поголемиот дел од населбите во Општините […]

Ер трактор ќе исфрла пена врз Дрисла, Вардариште добива агенција за обезбедување

септември 11, 2025

Дрисла и во моментов гори, голем чад се шири во околината, а механизација работи на затрупување на делот што е зафатен со пожар. Вардариште денеска не гори, нема ниту чад, но Владата по прогласувањето на нова кризна состојба поврзана со пожарите, размислува и за ограничување на движењето во некогашната депонија. Директорот на Дирекцијата за заштита […]

Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести

септември 11, 2025

Mетанот и другите штетни гасови кои се испуштаат во услови на чад или пожар, покрај негативните ефекти кои ги имаат врз белите дробови, навлегуваат во крвта, па прават оштетувања во крвниот систем, односно го пометуваат хематолошкиот систем, предизвикуваат анемии, срцеви болести. На ова предупредува професорот по здравствена екологија, проф. д-р Драган Ѓорѓев, откако веќе со […]

ЗХГ: За Дрисла веќе имаше јавно-приватно партнерство што заврши со криминалци што увезуваа отпад

септември 11, 2025

Скопје му треба концепт за нула отпад, а не јавно приватно партнерство за Дрисла и натрупување нови количини ѓубре, реагираат екологисти и активисти од Зелен Хуман Град, на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за понудените решенија за решавање на проблемот со скопската депонија. Тие сметаат дека депонирањето е практика од минатиот век, а современите општества […]

Ангелов: Дождот не помогна многу во гаснењето на Дрисла

септември 11, 2025

Дождот што од ноќеска паѓа во скопската котлина не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека и претходните денови многу тони вода се исфрлени на депонијата, но чадењето продолжува. Тој најави дека се планира да се преземат и други мерки за да […]

Мицкоски: Чадот од Дрисла се гледа, но нема загадување на воздухот, ако не сакаме проблеми со отпадот ни требаат модерни депонии

септември 10, 2025

По пожарот кој се уште е активен на депонијата „Дрисла“, Скопје е обвиено во чад, а мирис на изгорено се чувствува речиси низ целиот град. Во меѓувреме, Министерството за здравство не излезе со препораки за заштита на здравјето на граѓаните, а премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа е така бидејќи мерните станици не покажуваат загадување. […]

Гори депонијата Дрисла, Ангелов се сомнева дека е намерно запалена

септември 10, 2025

Запалено ѓубре предизвика пожар во депонијата Дрисла во селото Батинци во Скопје. Утрово пожарот се уште е активен, а огнот се шири од средината на депонијата. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, на терен се само пожарникарите со противпожарните возила, бидејќи е проценето дека гаснењето од воздух може да дополнително да ја […]

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за незаконско издавање на А-интегрирана дозвола за „Дрисла“

декември 15, 2022

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице за кое се сомнева дека во својство на службено лице- Раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година ја искористил својата службена положба и издал А-интегрирана еколошка дозвола на скопската депонија „Дрисла“ без да ги исполни условите за […]

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

септември 28, 2022

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки. Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена. Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка […]

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

ноември 18, 2020

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше […]

Се трага по виновникот кој фрлил медицински отпад кај салата „Борис Трајковски“

август 24, 2020

Во текот на акциите во текот на викендот, екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ вршеле проверки за непрописно фрлање отпад, при што во контејнер за ѓубре во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ пронашле незаконски исфрлен медицински отпад, соопшти Град Скопје. Станувало збор за шприцови, а по пронаоѓањето, инспекторите […]

„Дрисла“ од следниот месец престанува да гори медицински отпад

јули 14, 2020

Првите количини медицински отпад на скопската депонија „Дрисла“ ќе почнат да се стерилизираат уште летово. Новата постројка што ја набави депонијата ќе стартува со работа следниот месец, што ќе значи конечно напуштање на постапката за горење на отпадот што го создаваат центрите за Ковид 19, но и сите други медицински установи во земјава. Инсенераторот на […]

„Дрисла“ набави стерилизатор за третман на медицински отпад

јуни 24, 2020

Скопската депонија „Дрисла“ купи нов стерилизатор за третман на медицински отпад кој во иднина, наместо да се согорува во инсенератор како досега, ќе се стерилизира и депонира како комунален отпад. Стерилизаторот е од италијанската марка ЦИСА, работи на иновативен, целосно автоматизиран систем, со висока технологија и има капацитет од 2.000 литри, односно за еден час […]

Медицинскиот отпад во „Дрисла“ нема веќе да се гори, туку ќе се стерилизира

април 30, 2020

Медицинскиот отпад од целата земја ќе се третира во депонијата „Дрисла“ во нов стерилизатор-аутоклав, набавен од Италија. Нов инсенератор нема да се купува, а постоечкиот ќе се користи само за горење документација. Капацитетот на стерилизаторот е 2.000 литри на час и ќе ги задоволи потребите за третман на отпадот од сите медицински установи во државата. […]

„Дрисла“ има капацитет да го согори целиот медицински отпад што се создава од корона вирусот

април 21, 2020

Инсенераторот во скопската депонија „Дрисла“ има капацитет да го согори целиот медицински отпад што се генерира од почетокот на кризата со корона вирусот. Капацитетот на постројката од 2,5 тони опасен отпад за 24 часа е сосема доволен за редовен и соодветен третман на отпадот што деновиве се изнесува од Клиниката за инфективни болести и фебрилни […]

Државниот инспекторат не нашол неправилности во погонот за отпад на „Еко клуб 95“

февруари 7, 2020

Ги видов снимките оти ги имаше насекаде по социјалните мрежи и по медиумите, беше одговорот на Хусни Тачи, државниот инспектор за животна средина на прашањето дали ги видел снимките направени од страна на градскиот инспектор, Мирослав Богдановски во погонот на „Еко клуб 95“ на кои се гледаат расфрлани крвави завои, шприцеви и друг вид медицински […]

Контраспин: Медицинскиот отпад нема партиски мирис – тој што е на власт, тој е одговорен

февруари 7, 2020

Во меѓусебно препукување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со скандалот со медицинскиот отпад, кај партијата на власт се препознава спин во нејзината контрареакција, пишува „Вистиномер.мк“. „Вистината е дека неодговорното однесување на Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“ е последица на режимското владеење на Никола Груевски и неговите реалции со ВМРО-ДПМНЕ. Токму ВМРО-ДПМНЕ преку свои кадри […]

Нуредини: Увезениот отпад се контролира, доцниме со примена на ЕУ регулативата

јануари 31, 2020

Министерството за животна средина има издадено дозволи за увоз на опасен отпад само за акумулатори и тоа во количество од 12.500 тони, на правни субјекти кои поседуваат дозвола за нивна преработка, со цел тие да се препродаваат во и надвор од земјата, ова го соопшти на денешната прес конференција Насер Нуредини, министер за животна средина. […]

Нуредини: Нема да дозволам да станеме депонија за странски отпад

јануари 30, 2020

Повеќе од пола година во жешкото столче на Министерството за животна средина и веќе го „тера“ својот втор мандат, а јавноста многу малку го познава, веќе не толку новиот министер, Насер Нуредини. Министерството со кое раководи има негативен имиџ во јавноста поради владеачката перцепција дека власта не прави доволно да го намали загадувањето и дека […]

Градот ќе именува нов директор на „Дрисла“ – кривична одговорост за стариот, ако имало криминал

јануари 21, 2020

Градот не ја отфрла можноста за поднесување на кривични пријави доколку се докаже дека имало незаконито работење и постапување со отпадот на градската депонија „Дрисла“, изјави денес првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов на прашањето што доколку вмешаноста на досегашниот директор на скопската депонија, Горан Ангелов, во аферата со нелегален увоз на отпад во […]

Страна 1 од 3