fbpx

Новиот концесионер на Дрисла ќе го чека крајот на претседателските избори

-

Град Скопје го одлага изворот за иден концесионер на Дрисла за по претседателските избори.

„Ние немаме дилема дека „Шолц“ треба да биде идниот партнер и концесионер на депонијата Дрисла, но, сакам да избегнеме секој сомнеж во регуларноста на изборот, за Советот на Град Скопје да не носи одлуки за нови концесии во ситуација кога се наоѓаме во изборна кампања„, објави од говорницата на Советот на Град Скопје скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по што беше прекината денешната седница, на која требаше да биде донесена одлуката нов концесионер на скопската депонија да биде германската компанија „Шолц“.

Шилегов најави, дека Градот одлуката ќе ја донесе веднаш штом Државната изборна комисија ќе ги објави конечните резултати од претседателските избори.

„Денес дадов налог да започнат активности околу превземање на владението и управувањето на Дрисла од страна на Град Скопје се до носењето на одлуката за новиот концесионер, одлука базирана врз судската пресуда со која се поништува изборот на италијанската фирма ФЦЛ Амбиенте за концесионер на Дрисла“, изјави Шилегов и објасни дека Градот во наредните шест месеци ќе преговара со германската фирма „Шолц“ околу условите за работа на идниот концесионер.

Јас нема да правам компромис со никого кога е во прашање дрисла и животната средина, одговори Шилегов на новинарското прашање дали Градот ќе се осигура со идниот концесионер на скопската депонија да не се повтори ситуацијата како со досегашниот.

Градот очекува да биде тужен од страна на италијанската фирма која ја изгуби концесијата, но, како што изјави Шилегов, за тоа како работел досегашниот концесионер и зошто било дозволено тој ништо да не вложи во депонијата под изговор дека трае судскиот процес, одговорноста треба да се побара од претходниот градоначалник на Скопје.

„Конечно, после седум години градот ќе добие депонија каква што доликува и конечно Скопје ќе добие капацитет кој ќе приходува за нас. Сакам конечно да го извадиме овој процес од котроверзите кои го следат од самиот почеток“, изјави Шилегов.

Тој најави и кривична постапка во однос на италијаскиот коцесионер, кој работел со загуба се до смената на локалната власт, додека во последниве две години Дрисла остварува добивка.

„Ќе барам запирање на процесот и обновување на тендерската постапка за иден концесионер на Дрисла бидејќи сметам дека и со новиот избор ќе се злоупотреби интересот на граѓаните и нивните пари“, изјави за „Мета“,  Драгана Велковска советничката на Левица во Советот на Град Скопје.

Таа потсети дека уште во 2014 година бил уапсен претседавачот на Управниот одбор на хрватската фирма која е дел од конзорциумот на Шолц, токму за малверзации, проневери и злоупотреби на службената положба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...