fbpx

Вкупно 200.000 тони отпад што може да се рециклира завршува на депониите

-

Во земјава во текот на една година се создаваат 700.000 тони отпад, од кои 10 отсто завршува во скопската депонија „Дрисла“. Од вкупниот отпад што се фрла, околу 200.000 тони се материјал што може да се рециклира, а вака фрлен на депонии и диви депонии, ќе бидат потребни до 6.000 години за да се распадне, велат податоците од трите истражувања спроведени во рамки на проектот реализиран помеѓу Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за јавни комуникации, пренесува „Порталб.мк“.

Од отпадот што би можел да се рециклира, а се фрла во депонии, 40.000 тони се стаклена амбалажа, а 100.000 тони пластична амбалажа. За да се разгради ова количество стакло, потребни се 5.000 години, а за пластичниот отпад потребни се 6.000 години.

Истражувачите предлагаат итно да се започне со примарна селекција на отпадот од домаќинствата. Студентот на Машинскиот факултет во Скопје, Александар Белчевски, на вчерашната презентација посочи дека една од најитните работи што треба да се направат е во земјава да се изгради капацитет за преработка на отпадно стакло.
– Во Македонија не постои фабрика за рециклирање стакло, а од друга страна, голема количина стакло се увезува од странство.

– Ако отвориме фабрика за рециклирање стакло, нема само да го намалиме дефицитот на увезеното стакло, туку и би извезувале – рече Белчески.

Според истражувачката на пластичен отпад и на единствената стандардизирана  депонија во земјава, „Дрисла“, Јована Лозановска, најголем проблем е несоодветниот третман на отпадот, како и неспроведување примарна селекција од страна на домаќинствата и јавните комунални претпријатија.

– Најголем проблем во Македонија е несоодветниот третман на отпадот или неговото депонирање. Треба да се смени системот на селекција, собирањето и рециклирање на отпадот. За да се стимулираат домаќинствата, треба да се отворат големи работилници за предавање, преку кои ќе се врши едукација на граѓаните за важноста на селекцијата и рециклирањето на пластиката. Во моментов, депониите што се рециклираат се собираат од страна на невладини организации или неформални групи на граѓани, додека домаќинствата и комуналните претпријатија се премалку вклучени – вели Лозановска.

Што се однесува на депонијата „Дрисла“, според менторот на студентите во ова истражување, вонредниот професор на Машинскиот факултет во Скопје, Даме Димитровски, има голем потенцијал за производство на енергија од ѓубрето.

– Докажавме дека од насобраните депонии, имаме голем потенцијал за производство на енергија, за обезбедување на дополнителни средства, како и за нови работни места, подобрување на животната средина – рече Димитровски.

Според истражувањето на Лозановска, со палењето на 20 проценти од количеството отпад во „Дрисла” би се обезбедила енергија со која би се грееле 9.000 домаќинства, што значи 6.5 отсто од домаќинствата во Скопје.

Едно од решенијата, според истражувачите, се и регионалните депонии, но првин треба  да се регулираат депониите во урбаните средини. Во РСМ треба да има 7 регионални депонии, а нема ниту една.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...