Нуредини: Увезениот отпад се контролира, доцниме со примена на ЕУ регулативата

-

Министерството за животна средина има издадено дозволи за увоз на опасен отпад само за акумулатори и тоа во количество од 12.500 тони, на правни субјекти кои поседуваат дозвола за нивна преработка, со цел тие да се препродаваат во и надвор од земјата, ова го соопшти на денешната прес конференција Насер Нуредини, министер за животна средина. Во земјава постои само еден субјект што поседува дозвола за увоз на алтернативно гориво РДФ од одпад во количество од 25.000 тони годишно, додека најголемо количество на увезен отпад во нашата земја претствува отпаден метал кој е неопасен, а инсталациите го користат како суровина.

„Нема да дозволам нашата земја да стане депонија на странски отпад, според важечките закони тоа не е ниту дозволено, дозволен е увоз само на отпад кој може безбедно да се преработи или согори како енергенс“, рече Нуредини, напомнувајќи дека прес-конференцијата, на која присуствуваше и директорот на Царината, Ѓоко Танасоски и претставник на Државниот инспекторат за животна средина ја свикал за да одговори на растечката загриженост на јавноста во врска со увозот и депонирањето на отпадот во земјава.

Нуредини го пофали здруженото дејствување на царинските служби и на Инспекторатот за животна средина во вонредниот инспекциски надзор на граничниот премин Богородица каде пред два дена беше извршена контрола на пратки со РДФ отпад наменет за скопската цементарница „Титан-Усје“. Министерот најави и потесна соработка со министерствата во соседните земји за поголема контрола на увозот на отпад.

Директорот на Царинската управа најави дека за една недела ќе ги добијат резултатите од лабораториските анализи на мострите земени од РДФ отпадот и ќе бидат соопштени на јавноста. Тој најави и дека ќе биде ревидиран Правилникот за увоз и транзит на отпадот.

Во врска со иницијативата за измена на законот за отпад за забрана на увоз на отпад во земјава, предложена од ДОМ, Нуредини смета дека е подобро прво да бидат усвоени шесте закони предложени од МЖСПП кои ја уредуваат областа на постапување со отпадот па дури тогаш да се седне и да се разговара за предлогот на ДОМ. Тој рече дека предложените закони произлезени од Министерството се во склад со ЕУ директивите и би требало да поминат во Парламентот.

Сепак, министерот за животна средина призна дека земјата доцни со имплементација на ЕУ директивите кога се работи за индустриските емисии. Сè уште не е изготвен законот за индустриски емисии кој треба, меѓу другото да овозможи поквалитетен мониторнинг на тоа што се испушта во воздухот, кои вредности се мерат и за достапноста на тие мерења до јавноста.

Нуредини се осврна и на работењето на „Дрисла“ и најави дека следната недела ќе ја посети скопската депонија заедно со градоначалникот на Скопје и ќе се сретне со новиот директор на депонијата. Истовремено, тој најави потранспарентен однос кон граѓанскиот сектор и рече дека ќе ги покани активистите да му се придружат при посетата на „Дрисла“.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради зголемените повици...

Истрага против разбојник од Скопје, крадел чанти и накит од девојчиња

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 26-годишник кој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела разбојништво и тешки кражби. Негови жртви биле жени или девојчиња, кои ги напаѓал на...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради...