fbpx

Арсовска: Мостот „Беласица“ би можел да биде делумно пуштен, но не сакаме да ризикуваме

Сепак одлучивме да сочекаме да имаме точни, прецизни информации и веднаш потоа доколку треба некоја ситна санација или доколку треба реконструкција, истата да се изврши, за да биде ставен во употреба, појасни градоначалничката

-

Првичните испитувања на мостот Беласица направени од експертите покажале дека тој веќе може да биде пуштен за сообраќај за возила во по една лента во еден правец, за велосипедисти и пешаци, но сепак е решено да не се ризикува и да се изврши целосно испитување, порача градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска, пренесе ТВ 21.

„Од она што го имаме од експертите по овие првични испитувања е дека би можело да се отвори за пешаци, и за велосипедисти, а дури и две ленти за возење во по еден правец веднаш, меѓутоа сепак одлучивме да сочекаме да имаме точни, прецизни информации и веднаш потоа доколку треба некоја ситна санација или доколку треба реконструкција, истата да се изврши, за да биде ставен во употреба“, рече Арсовска.

Пожарот изби на 12 мај.

Пожар под мостот „Беласица“, во тек е увид на настанатата штета [Галерија]

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...