fbpx

Џафери на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан

-

Државно – црковна делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил и ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

Традиционално, делегацијата присуствуваше и на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, и на средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин. На аудиенцијата Џафери на Папата му ја честитал 10-годишнината од Понтификатот и му посакал долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност.

„Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата скопјанка и албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј“, пишува Џафери.

Џафери му подари на папата Франциск графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ која потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Куршумлија: Се урна вртелешка, повредени се 13 деца, од кои едно потешко

На саем во Куршумлија, Србија, се откорна дел од конструкцијата на вртелешка, при што се повредени тринаесет деца од кое едно потешко, пренесува српската РТС. Тринаесетгодишна девојка се здобила со...