fbpx

САД негира вмешаност во нападот на пограничниот регион Белогород, руски паравоени организации преземаа одговорност

-

САД се дистанцираа од нападот на рускиот пограничен регион Белгород за кој Москва вели дека завршил со пораз на вооружените бунтовници кои влегле од Украина, јавува BBC. Делови од пограничниот регион беа нападнати во понеделникот, во една од најголемите прекугранични акции откако Русија го нападна својот сосед минатата година. Русија објави слики од напуштени или оштетени воени возила, вклучително и „Хамви“ од американско производство.

Во меѓувреме две руски паравоени групи, кои се противат на рускиот претседател Владимир Путин, соопштија дека стојат зад упадот. Москва прогласи антитерористичка операција и им даде на властите посебни овластувања да ги запрат комуникациите и движењето на луѓето. Мерките беа укинати по еден ден, а една од паравоените групи и понатаму тврдеше дека сè уште контролира мал дел од руската територија.

Руски извори информираат дека селата во Белгород се евакуирани, а 70 напаѓачи биле убиени, за кои велат дека биле Украинци.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер посочи дека постојат извештаи на социјалните мрежи дека е употребено оружје испорачано од САД, но рече дека неговата земја е скептична за нивната вистинитост. Тој посочи дека „не охрабрувале или овозможиле напади внатре во Русија“.

„Останува на Украина да одлучи како да ја спроведе оваа војна“, рече Милер на брифинг со новинарите.

Гувернерот на Белгород изјави дека еден цивил загинал за време на нападот, а дека неколку други се повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...