fbpx

Одложено рочиштето за пожарот во болницата во Тетово

-

Главната расправа која беше закажана за денеска, за случајот со пожарот во модуларна болница во кој живи изгореа 14 лица, се одложи, откако во судот во Тетово не се појави еден од двајцата обвинети директори на болницата, Артан Етеми. Како што пренесува „ТВ 21“, неговите адвокати известиле дека обвинетиот е во тешка здравствена и психичка состојба поради смртта на неговата мајка, па поради тоа, следното рочиште е закажано за на 31 јануари.

Денеска пред почетокот на рочиштето група граѓани протестираа пред зградата на Основниот суд во Тетово барајќи ослободување од вина на д-р Бобан Вучевски. Тие истакнаа дека вистинските виновници за пожарот не се во судницата и против нив нема покренато обвинение.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 година, кога 14 лица ги загубија животите. Основното јавно обвинителство Тетово, по повеќемесечна истрага на 27 јули 2022 година до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.

Директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, кои се обвинети, на почетокот на судењето кажаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...