fbpx

ЗНМ и АВМУ со осуда за заканите упатени кон телевизијата Канал 5

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагираше и ја осуди заканата кон новинарите и медиумските работници од телевизијата Канал 5 која била упатена од страна на лице на социјалната мрежа Фејсбук.

Телевизијата вчера објави дека во коментар на социјалната мрежа од профил именуван Роберт Елбанасов добиле навреди, но и сериозна закана, во која, меѓу другото, пишува „Да е држава асална оваа досега сите ќе бевте стрелани како кучиња“.

ЗНМ реагира дека ваквите коментари можат да предизвикаат страв кај новинарите и медиумските работници и да ја загрозат нивната безбедност преку поттикнување на насилство.

„Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години. Исто така, укажуваме дека овие закани се кривични дела за кои постои позитивна судска пракса и за кои ЗНМ во 2020 година има добиено судски случај пред Основниот кривичен суд за закани кон новинарите објавени на социјалните медиуми“, стои во реакцијата на ЗНМ.

Здружението информираше дека поднело пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и побарало надлежните во МВР итно да преземат мерки, за што добиле одговор дека во моментот се води истрага и се постапува.

Осуда стигна и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Оттаму велат дека нападите и заканите кон новинари се неприфатливи и сите надлежни органи мора да ги преземат потребните мерки за да се создаде опкружување во кое ќе постојат професионални, слободни и независни медиуми.

„За да се овозможи демократски развој на државата, од суштинско значење е новинарите да бидат безбедни во секој момент и да им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работа, односно да можат навремено да ги информираат граѓаните за различни општествени случувања, без закани и заплашувања“, реагира ААВМУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...