fbpx

Бектеши: Снабдувањето со природен гас ќе продолжи, не може 30 години да има само еден снабдувач

-

На јавниот повик на ЕСМ за снабдување со природен гас досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, порача економија Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција на која се презентираше новиот буџет на министерството за економија.

Постапката за избор на снабдувач ќе биде транспарентна и ќе победи оно што ќе има подобра понуда, што ќе ги обезбеди бараните количества.

Откако Макпетрол минатата седмица објави дека од 1 јануари не ќе може да ги снабдува граѓаните и фирмите со гас, за што вината ја префрли на ГА-МА, која пак реплицираше дека компанијата имала доволно време да се прилагоди на новите услови. Потоа беше распишан тендер за снабдување.

„Нашите компании се повикани да конкурираат на јавните повици, кои се транспарентни и отворени. Не можеме да продолжиме 30 години да имаме само еден снабдувач. Уценување нема, има само диверзификација и реализација на определбите како држава во делот на пазарна економија“, рече Бектеши денеска.

Откако „Макпетрол“ се откажа, ЕСМ со нов повик за избор на компанија што ќе ја снабдува земјава со гас

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...