fbpx

Над 1,5 милиони бегалци ја напуштија Украина, градови од регионот Суми пред хуманитарна катастрофа

-

Руската инвазија врз Украина предизвика над 1,5 милиони бегалци да ја напуштат земјата во странство, покажуваат најновите податоци на Обединетите нации. Би-би-си го пренесуваат нивното тврдење дека станува збор за најбрзорастечката бегалска криза по Втората светска војна. Над 600.000 бегалци досега примила Полска, а жителите коишто бегаат од војната наоѓаат прибежиште и во Словачка, Романија, Унгарија, Молдавија и други европски земји.

За да се извлече цивилното население од опколениот град Мариупол, денеска е договорен нов прекин на огнот во пристанишниот град на Азовското море од 12 часот по локално време. Би-би-си проценува дека околу 200.000 луѓе се заробени во градот којшто се соочува со прекин на струјата, водата, при што критично е водоснабдувањето на жителите. Полицијата ги отворила продавниците, за да можат жителите да ја земат преостаната храна и пијалоци.

Укринформ ја пренесува изјавата на Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи дека на градови од регионот Суми им претстои хуманитарна катастрофа. Градови од овој регион во североисточниот дел на Украина немаат струја и водоснабдување.

Тој додава дека изминатата ноќ била релативно мирна во Украина во споредба со претходните денови, но и понатаму е забележано бомбардирање на Харков. Во областа Житомир, во воздушен напад се уништени 30 куќи, но засега нема податоци за загинати лица. Руските трупи се обидуваат да се пробијат до градот Лубну и да ја заземат хидроелектрана Канив на југот на земјата.

Борби се водат и во близина на пристанишниот град Миколаев на југот и Чернихив на северот на земјата, додека украинските сили успеале да го одбијат пробивот на руските сили кон Днипропетровскиот регион, соопштуваат украинските власти. Тие додаваат дека во досегашната инвазија врз Украина, руските сили оштетиле или уништиле 34 болници низ целата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...