fbpx

Пентагон тврди дека дополнителни руски трупи доаѓаат кон границата со Украина

-

САД објавија дека Русија продолжува да го зголемува бројот на воени сили што се стационираат на границата со Украина, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. 

„Продолжуваме да забележуваме, вклучително и последните 24 часа, дека дополнителен капацитет пристигнува од другите региони на Русија кон границата со Украина и Белорусија“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

„Нема да даваме конкретни бројки, но силите продолжуваат да се зголемуваат“, додаде тој, наведувајќи дека сега се присутни повеќе од 100.000 војници. Кирби рече дека има знаци и дека други тактички групи се на пат.

Инаку, во Белорусија денеска започнаа 10-дневните заеднички воени вежби на руските и белоруските воени сили, кои се случуваат во екот на стравувањата од напад на Русија врз Украина. Белорусија има граница со Украина во должина од над 1.080 километри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди распоредувањето на руски војници на границата со Украина, пренесува Би-Би-Си. 

„Акумулацијата на сили на границата е психолошки притисок од нашите соседи“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...