На Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, македонската натпреварувачка Ана Цветановска го освои 95-тото место во конкуренција на 98 спортисти во трката крос кантри на 10 километри, информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Со оваа трка, Ана Цветановска го заокружи своето учество на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Таа на натпреварувањето во крос-кантри на 10 километри постигна резултат од 39:57.7.
Инаку, македонската спортистка не настапи на трката на скијатлон 7.5+7.5 километри поради одлуката на Меѓународната скијачка федерација само лимитиран број на нордијки да настапат во оваа дисциплина, при што претставничката на нашата земја не беше меѓу нив.