fbpx

Утре започнува првиот годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво

-

Националната платформа за женско претприемништво на 18 и 19 ноември во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи првиот годишен Самит на тема „Нови перспективи за женско претприемништво“.

На самитот за прв пат ќе бидат доделени и награди за најуспешни жени претприемачки, кои ги доделува Министерството за економија како институционален покровител на настанот.

Исто така, Националната платформа ќе додели и две награди за најуспешна млада лидерка и најуспешна граѓанска организација-добри практики.

Во рамките на Самитот ќе се одржат три панел дискусии со меѓународно учество, на кои еминентни имиња од сферата на женското претприемништво ќе дискутираат на актуелни теми. Ќе бидат организирани и бизнис средби меѓу жени-претприемнички, како и работилници на теми за финансиските можности на жените во бизнис светот.

Обраќања на утрешното отворање на Самитот ќе имаат вицепремиерот Фатмир Битиќи, заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Џулиан Васало, министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...