fbpx

Уапсена клучната личност во аферата околу Курц: Пред апсењето го избришала хард дискот од нејзиниот компјутер

-

Денес во Автрија е уапсена истражувачката на јавното мислење, Забина Бајнсхаб. Жената за која весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека е клучна личност во аферата околу Себастијан Курц, во врска со лажните анкети на јавното мислење е осомничена за фалсификување истражувања во корист на партијата ОВП на доскорешниот австриски премиер.

Во тие истражувања, Курц секогаш бил прикажуван особено позитивно, додека неговиот противкандидат во борбата за шеф на партијата, Рајнхолд Митерлајнер, бил прикажуван негативно.

Некогашната помошничка на ексминистерката Софи Карманис е обвинета за фалсификување истражувања што потоа биле објавувани за пари во бесплатен весник.

Истражните органи се одлучија за рано апсење, поради опасност од прикривање на доказите, бидејќи Бејнсхаб, непосредно пред претресот во нејзиниот стан, го избришала хард дискот од нејзиниот компјутер.

Апсењето се случи на денот кога првите истражувања, по оставката на Курц, покажаа драматичен пад на рејтингот на ОВП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден

МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си...