fbpx

Претседателот Пендаровски дводневната посета на Грција ја почна со средба со грчката колешка Сакеларопулу

-

Својата дводневна посета на Грција претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја зпочна претпладнево, со положување венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред грчкиот парламент.

Тој потоа пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Засега нема подетални информации што разговарале двајцата претседатели на нивната средба.

Подоцна Пендаровски треба да се сретне и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, информираат од претседателскиот кабинет.

Предвидена е и средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Грција, Џефри Пјат.

Официјалната посета на претседателот Пендаровски на Грција претставува прва историска посета што ќе се реализира на највисоко ниво меѓу двете држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...