fbpx

Османи на Варшавскиот безбедносен форум: Иднината на ЕУ и на Западен Балкан се неразделно поврзани

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска учествуваше на Варшавскиот безбедносен форум, каде на панелот насловен „ЕУ – кредибилен партнер за Западен Балкан? Научени лекции од глобалната пандемија“.

Тој во своето обраќање се осврна на солидарноста и соработката во контекст на пандемијата со ковид-19, како и за националните и глобалните интереси во сферата на здравствената заштита, излезните стратегии, безбедносните предизвици, но и за геополитичките влијанија што ги предизвика пандемијата.

„Иднината на ЕУ и на Западен Балкан се неразделно поврзани, поради што предизвиците, како што е прашањето на справување со пандемијата, мора да бидат надминати преку заеднички и унифициран пристап. Пандемијата покажа дека концептот на безбедност мора да се редефинира и прошири. Тоа повлекува промени во нашите национални стратегии, но и промени во планирањето од страна на НАТО, поддржано и на последните министерски состаноци. Пандемијата воедно го потсети светот за важноста од вложувањето во јавното здравство и научната соработка и ни докажа колку сме поврзани и колку од нас бара заеднички пристап“, истакна Османи.

Министерот од Варшава порача и дека на утрешниот самит на ЕУ и Западен Балкан една од темите ќе биде за Економскиот и инвестицискиот план за регионот, за создавање услови за инвестиции и развојни проекти, план кој треба да даде ново, силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, да поддржи зелена и дигитална транзиција.

Варшавскиот безбедносен форум (WSF) е водечка европска платформа посветена на трансатлантската соработка, фокусирана на изнаоѓање одговори на заедничките безбедносни предизвици. Конференцијата оваа година обедини над 1500 учесници од 40 земји, меѓу кои шефови на држави, министри, водечки личности на меѓународни и невладини организации, високи претставници од бизнисот, медиумите, академијата и граѓанското општество.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...