fbpx

(Видео) Седум загинати во пожар во ковид болница во Романија

-

Седум лица загинаа во пожар што денес избувна во романската единица за интензивна нега, во која се лекуваат пациенти со ковид-19, соопштија официјалните лица, пренесе Ројтерс. Ова е трет смртоносен пожар во болниците во земјата за помалку од една година.

Видео снимката покажува како пациентите скокаат од прозорците од пониските нивоа на болницата, а пожарникарите носат луѓе.

Единицата за итна помош во земјата првично соопшти дека девет лица загинале, но министерот за транспорт Лусијан Боде подоцна рече дека имало погрешна комуникација помеѓу пожарникарите и болничкиот персонал.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот во болницата во источниот град Констанца околу 7 часот и 55 минути, по што на лице место пристигнаа дополнителни тимови од околните окрузи на земјата.

Бесните роднини на пациентите се собраа пред болницата во знак на протест, а обвинителите отворија истрага за причините за пожарот.

Во февруари, во пожар загинаа четворица пациенти во ковид-болницата во главниот град Букурешт. Минатиот ноември, пак, 10 лица починаа на одделение за интензивна нега во окружната болница Пиатра Неамт.

„Згрозен сум од трагедијата“, рече претседателот Клаус Јоханис во изјавата. „Тоа е нова ужасна драма која го потврдува недостатокот на инфраструктура во романскиот здравствен систем, ставена под незамислив притисок од четвртиот бран на пандемијата“, додаде тој.

Според објавените податоциу, во Романија има повеќе од 12.500 пациенти со ковид-19, вклучувајќи 373 деца, кои се лекуваат во романските болници, вклучително и 1.391 пациенти во единиците за интензивна нега.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...